Светското првенство во крос-кантри започна денес со трките во спринт во машка и во женска конкуренција.
Од дамите, најбрза во Оберстдорф беше Швеѓанката Јона Сундлинг (2:36,76), која се закити со првото сениорско светско злато.
Освен неа, медали освоија уште Маикен Касперсен Фала (+2,32) и Анамарија Лампич (+2,35).
Во финалето се пласираа Јохана Хегстром, Ане Стенсет и Тирил Уднес Венг, а од фаворитките, поради разни причини, потфрлија Ева Уревц, Лин Сван, Маја Далквист и Џеси Дигинс.
Во машка конкуренција, норвешкото трио составено од Јоханес Клебо (3:01,30), од Ерик Валнес (+0,66) и од Хаавард Таугбел (+0,80) ги освои трите медали, пред Александер Болшунов, Сергеј Устиугов и Оскар Свенсон.
Од фаворитите, без финале остана новиот освојувач на малиот кристален глобус во оваа дисциплина, Федерико Пелегрино, како и Франческо Де Фабијани, Емил Иверсен, Ришар Жув, Паал Голберг и Глеб Ретивих.
📸 Sergei Bobylev\TASS via Getty Images