Првиот од единаесетте денешни дуели во КХЛ го одиграа екипите на Трактор Чељабинск и на Торпедо Нижњи Новгород.
Накрај, со гол во последната минута, Трактор успеа да му го нанесе четвртиот врзан пораз на гостинскиот состав.
Имено, домаќините двапати поведуваа преку Томаш Хика и преку Алексеј Бивалцев, а Торпедо израмнуваше со головите на Иван Чехович и на Михаил Варнаков.
Стрелец на клучниот погодок во мрежата на Андреј Тихомиров беше Лукаш Седлак, кој им донесе нови два поени на ,,Мечките”.
И покрај денешниот исход, двете екипи ги заземаат петтата и осмата позиција на Истокот со загарантирано учество во плејофот.
📸 vseprosport.ru