Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа е елиминирана ид ИТФ турнирот на тврда подлога во Москва Русија од шестата носителка, Анастасија Захарова со 2:0 по сетови (6:2 и 6:3).
Ѓорческа немаше сили за подвиг против шестата носителка и освен што е елиминирана во сингл, истата судбина ја доживеа и во двојки па за неа заврши предвреме турнирот вреден 25.000 американски долари во Москва.