Филаделфија Филис, заедно со Сан Диего Падрес, се единствената екипа од Националната лига што ја започна новата МЛБ сезона со три победи.
Сите три триумфи на претставниците на Пенсилванија дојдоа против минатогодишните полуфиналисти – Атланта Брејвс.
Синоќа, пред 10 773 гледачи, беше одиграна нивната трета пресметка на која домаќините од Филаделфија славеа со 2-1.
Имено, Филис поведоа во втората деветтина, откако Ендру Кнап постигна хоум-ран.
Со иста мера, но пет периоди подоцна, возвратија и гостите, кои израмнија на 1-1 со хоум-ранот на Тревис д’Арно.
Конечниот резултат беше поставен во осмиот ининг, кога по ударот на Алек Бом, Рајс Хоскинс стигна до четвртата база и го освои победоносниот поен за Филаделфија.
📸 Drew Hallowell/Getty Images



