Детроит Ред Вингс синоќа ја прекинаа серијата од три порази со триумфот од 1-5 над актуелните шампиони – Тампа Беј Лајтнинг.
Имено, после четириесет минути игра, гостите од Мичиген веќе водеа со 0-4, а стрелци беа Дилан Ларкин во првата, односно Валтери Филпула, Мајкл Расмусен и Марк Стаал во третата третина.
Неполни пет минути по влезот во третиот период, Виктор Хедман успеа да го намали заостатокот на Тампа Беј, погодувајќи за 1-4.
Сепак, на шест минути пред крајот, на празна мрежа, конечниот резултат го постави Дарен Хелм.
После оваа средба, ситуацијата на табелата на Централната дивизија се промени со тоа што Тампа Беј падна на третото, а Детроит остана на последното место.
📸 Mike Carlson/NHLI via Getty Images