Хјустон Астрос дојдоа на чекор до пласман во финалето на МЛБ, откако поведоа со вкупни 3-0 против Њујорк Јенкис во полуфиналната фаза.
На третиот натпревар, претставниците на Тексас славеа на гостински терен со резултат од 0-5.
На мечот, Астрос поентираа двапати во вториот и трипати во шестиот ининг за да стигнат до убедлива победа.
Од играчите на гостинскиот состав, во листата на поентерите се запишаа Чес МекКормик (хоум-ран), Кристијан Вазкез, Алекс Брегман, Кајл Такер и Јули Гуриел.