Екипата на Ст. Килда Сеинтс успеа да се пласира во четврт-финалето на АФЛ за првпат после сезоната 2010.
,,Светците”, во осмина-финалето, ги совладаа шампионите од 2016 – Вестерн Булдогс со резултат од (10.7) 67-64 (9.10).
Во втората и во третата четвртина, Ст. Килда ја градеше својата предност, којашто во еден момент достигна и до дваесет и шест поени.
Во четвртиот период, Булдогс опасно се приближија, посебно со серијата од 20-1 во последните десетина минути, но накрај тоа не веше доволно за триумф.
Најефикасни фудбалери на мечот беа Тим Мембри, Макс Кинг и Џерин Гери, кои постигнаа по тринаесет поени (2.1) за победничкиот состав.