Сан Диего Падрес се последните овогодинешни четврт-финалисти во МЛБ, откако синоќа ги совладаа Ст. Луис Кардиналс со 4-0, за конечни 2-1 во меѓусебната серија.
Претставниците на Калифорнија направија пресврт по воведниот пораз од 4-7, славејќи со 11-9 во вториот меч.
Синоќа, нулите стоеја на семафорот сè до петтиот ининг, кога Падрес дојдоа до првиот поен. Останатите поени паднаа во седмиот и во осмиот ининг.
Единствениот хоум-ран го забележа Џејк Кроненворт, кој за првпат во својата кариера поентираше во плејофот.
Во четврт-финалето, Падрес ќе ги одмерат силите со Лос Анџелес Доџерс, кои со 2-0 ги елиминираа Милвоки Бруерс.