Вест Коуст Иглс и Колингвуд Мегпајс го одиграа најинтересниот натпревар од досегашниот тек на плејофот во АФЛ.
Имено, двете екипи се соочија во осмина-финалето, а дуелот го доби Колингвуд, кој славеше со (11.9) 75-76 (12.4).
Цела игра беше исполнета со возбудувања и серии на двете страни, а завршницата беше тензична сè до самиот крај, иако Мегпајс водеа тринаесет поени на неколку минути пред звукот на сирената.
Вест Коуст поведе со 7-0 на почетокот, а Колингвуд ја стекна првата предност преку хет-трикот на Мејсон Кокс за само пет минути.
Освен Кокс, од редовите на Колингвуд, хет-трик постигна и Броуди Михочек.
Исто така и кај Вест Коуст, двајца фудбалери забележија по три погодоци – Џек Дарлинг (3.2) и Џош Кенеди (3.4).
Во наредната фаза, Колингвуд ќе ги одмери силите со Џилонг Кетс.