
Ана Одине Стром дојде до третата овосезонска победа во Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција.
Имено, Норвежанката триумфираше на второто натпреварување во Рашнов (Романија), кое, поради временските услови, имаше само една серија.
Водечката во генералниот пласман, Ева Пинкелних, по третпат во низа заврши на втората позиција, а третопласирана беше Јулија Милбахер, која го освои дебитантскиот подиум во кариерата.
Во продолжение, пласманот во топ 10 го комплетираа: Јулијане Зајфарт, Ема Клинец, Теа Минјан Бјорнсет, Ника Превц, Жакелин Зајфрајдсбергер, Јука Сето и Лара Малсинер.