Денес, на стадионот ,,Хемпден Парк” во Глазгов, беше одиграно финалето на 75. издание на Шкотскиот Лига Куп.
Во него се соочија две прволигашки екипи – Ливингстон и Ст. Џонстон.
Накрај, со конечен резултат од 1-0, Ст. Џонстон дојде до својата прва титула во ова натпреварување во 137-годишната историја.
Во тврдиот меч со вкупно осум шутеви, единствен стрелец беше Шон Руни (32′), кој се запиша во листата на стрелците по третпат во Лига Купот.
На патот до големото финале, новите шампиони беа најдобри во групата Ц, а во нокаут-фазата ги поразија Мадервел, Данфермлајн и Хиберниан, додека Ливингстон, како првопласиран во групата Х, мораше да помине преку Ер, Рос Каунти и Ст. Мирен.
📸 Ian MacNicol/Getty Images