Светското првенство во нордиска комбинација во машка конкуренција продолжи денес со тимското натпреварување (ГС 106 + 4х5 км).
После првата серија, на врвот беше Австрија, со предност од над 25 секунди во однос на сите конкуренти.
Во скијачкиот дел, Норвежаните (43:57,7) очекувано издоминираа и дојдоа до одбрана на титулата, оставајќи ги зад себе Германците (+42,7) и Австријците (+49,1), исто како и на претходното СП во Зеефелд.
Во продолжение, на четвртата и на петтата позиција се пласираа Јапонија (+2:13,4) и Финска (+2:38,7).
Состави:
Норвешка: Еспен Бјорнштад, Јарл Магнус Риибер, Јерген Граабак и Јенс Лураас Офтебро
Германија: Фабијан Рисле, Теренс Вебер, Винценц Гајгер и Ерик Френцел
Австрија: Лукас Клапфер, Јоханес Лампартер, Марио Зајдл и Лукас Грајдерер
Јапонија: Хидеаки Нагаи, Јошито Ватабе, Акито Ватабе и Рјота Јамамото
Финска: Перту Репонен, Ееро Хирвонен, Ото Нитикоски и Илка Херола
📸 Matthias Hangst/Getty Images



