Илија Несторовски е стрелец на единствениот гол за победа на Удинезе против Фиорентина, во 24. коло на Серија А. Македонскиот репрезентативен напаѓач беше стартер и се најде на вистинското место во 86 минута кога со глава го матираше гостинскиот голман.
За Несторовски ова е втор погодок сезонава во Серија А. Претходно има погодено и во декември на гостувањето кај Торино во победата од 3:2. Вториот македонски репрезентативец, Горан Пандев ги одигра последните 30 минути за Џенова на гостувањето кај Интер. Џенова немаше сила да се спротистави на лидерот во Серија А и загуби со 3:0.



