Вчера беше одржана трката од светскиот картинг шампионат на патеката ,,Саут Гарда Картинг Сиркуит” во Лонато, Италија.
Во текот на деветтиот круг, домашниот натпреварувач, 23-годишниот Лука Корбери, беше инволвиран во судар со Паоло Иполито, после којшто ја заврши трката.
Од гнев и бес, Италијанецот остана на патеката уште еден круг, чекајќи го својот сонародник. Во моментот кога Иполито се наближи, Корбери го мавна со дел од својот автомобил, кој скокна од асфалтот и удри во друг возач.
Сепак, Корбери не застана овде и после трката, физички го нападна Иполито, заедно со својот татко, кој воедно е и сопственик на патеката.
Нивното однесување беше карактеризирано како неприфатливо од страна на ФИА, која не ја исклучува можноста да го ,,награди” Италијанецот со доживотна забрана за мотоспорт.
После инцидентот, Корбери се извини јавно на својот Фејсбук профил:
,,Би сакал да и’ се извинам на целата спортска јавност за тоа што го направив. Нема оправдувања што ќе објаснат зошто направив ваква ужасна постапка. Ова е нешто што ми се немаше никогаш случено во мојата 15-годишна кариера и се надевам дека нема да се повтори од никој во иднина.”



