По вторпат во два дена, силите на ледената плоча во КХЛ ги одмерија Амур Хабаровск и Торпедо Нижњи Новгород.
На претходната средба, Торпедо успеа да слави после пеналите, а денес Амур го возврати ударот.
Торпедо поведе уште во третата минута со првиот гол во КХЛ на Давид Воеводин, но радоста траеше неполни четири минути бидејќи, на 1-1, израмни Кирил Расказов.
Иако играта ветуваше многу погодоци, сепак, до крајот, Амур успеа само уште еднаш да ја затресе мрежата на Алексеј Мелничук од страна на Владимир Бутузов, но и тоа беше доволно за конечен триумф од 2-1 на клубот од Хабаровск.
Позициите на табелата останаа непроменети и после денешниот дуел, односно Торпедо е седми на Истокот дванаесет поени, а Амур е претпоследен со осум.



