Грин Беј Пекерс и Канзас Сити Чифс, предводени од своите квотербекови, Арон Роџерс и Патрик Махоумс, запишаа триумфи во последните две средби од четвртото коло.
Имено, актуелните шампиони, Чифс, ги добија Њу Ингланд Патриотс со 26-10. За Патриотс, не настапи првиот квотербек, Кем Њутон, кој беше дијагностициран со КОВИД-19 и поради таа причина, натпреварот се одигра денес, а не во неделата.
За победничкиот состав, по еден тачдаун забележаа Тајрик Хил, Мекол Хардмен и Тиран Матју (пик-6), додека за Патриотс поентира само Н’Кил Хери.
Чифс, со овој триумф, се запишаа во својата историја, односно за првпат досега почнуваат четири последователни сезони со четири победи во воведните четири кола.
Од друга страна, Грин Беј Пекерс беа очекувано поуспешни од Атланта Фалконс со резултат од 30-16.
Од победничкиот табор, првиот тачдаун го постигна Арон Џонс, а Роберт Тонјан беше неверојатен со хет-трик, односно три тачдауни.
Двете полагања за Фалконс ги постигна Тод Гурли со пробивање.
За Фалконс, ова беше четврти пораз во првите четири кола.
Во соработка со НФЛ Македонија