
Втората дестинација од Светскиот куп во биатлон беше австрискиот Хохфилцен, каде што денес се одржаа спринт-трките во машка и во женска конкуренција.
Кај дамите, најбрза беше Белорусинката Хана Сола (20:44,4), која го запиша првиот триумф во својата кариера со стопроцентен учинок при стрелањето.
На второто место, со две промашени мети, заврши Жистин Бреза-Буше (+46,8), а Марте Олсбу Роиселанд (+50,3) го комплетираше подиумот.
Најдобар пласман во кариерата направи и Ида Лин (+52,5) на четвртата позиција, а заостаток под една минута имаше уште Хана Оберг (+56,5).
Кај мажите, исто така, првиот триумф во Светскиот куп го запиша Германецот Јоханес Кин (26:05,0), кој изјави:
,,Мислам дека секој сонува да победи барем еднаш. Ако не се лажам, мислам дека мојата последна победа беше на ИБУ Купот во 2015.”
За разлика од женската трка, распоредот на подиумот кај мажите беше далеку побеочекуван, поради фактот дека на него се најдоа уште двајца ,,аутсајдери”, односно Мартин Понсилуома (+14,3) и Антон Смолски (+20,5).
Пласманот во топ 5 го комплетираа уште Александер Логинов (+22,0) и Тарјеи Бо (+23,0).



