
На првото овосезонско натпреварување во Клингентал од Светскиот куп во ски скокови во женска конкуренција, Марита Крамер дојде до својата единаесетта победа во кариерата.
Имено, во германското скијачко гратче, Австријката беше најдобра после двете серии и го задржа првото место во генералниот поредок.
Норвежанката Силје Опсет ја одбрани втората позиција во однос на првиот скок, а подиумот го комплетираше Словенката Урса Богатај.
Нејзината сонародничка, Ника Крижнар, ја зазеде четвртата позиција, а како петта заврши најуспешната скокачка на сите времиња – Сара Таканаши.