сабота, август 13, 2022
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Останато

(ВИДЕО) Спектакуларна увертира на НФЛ: Триумф во последната секунда за Баканирс

Епов Насе ✏️ Епов Насе
септември 10, 2021
📁 Останато, Спорт
📸 Mike Ehrmann/Getty Images

Спектакуларната увертира на новата НФЛ сезона го донесе и шестиот триумф на Том Брејди против Далас Каубојс, откако Тампа Беј Баканирс ги добија ривалите од Тексас со 31-29.

На мечот, Каубојс водеа само во втората четвртина со 14-16, пред да стекнат ново водство од 28-29 на минута и пол пред крајот.

Имено, Тампа Беј делуваше доста уверливо сè до последните пет минути, кога Крис Гудвин направи фамбл на неколку јарди од енд-зоната и им ја врачи топката на своите ривали.

Во наредниот драјв, Грег Зурлајн го погоди својот трет филд-гол од петтиот обид на мечот, но во последната секунда, со иста мера возврати и шутерот на Баканирс, Рајан Сакоп, кој ја остави победата во Флорида.

Досега, Том Брејди има учинок од 9/19, кога на неговиот тим му треба најмалку филд-гол во последните три минути, а со денешниот успех, 44-годишниот квотербек дојде до својот петнаесетти триумф во првото коло што е апсолутен рекорд од 1950 наваму.

Брејди го заврши мечот со неверојатни цифри од 379 освоени јарди, од 32/50 обиди за додавање и од четири тачдауни, но на сето тоа додаде и две пресечени топки.

Од неговите соиграчи, Роб Гронковски постигна два тачдауни и освои 80 јарди, а по еднаш, топката во енд-зоната ја внесоа гореспоменатиот Гудвин (1 тачдаун, 105 јарди) и Антонио Браун (1 тачдаун, 127 јарди).

На спротивната страна, Дак Прескот беше за нијанса посигурен со 42/58 обиди за пас, со 403 јарди, со 2 тачдауни и со само едно пресечено додавање.

Од редовите на Каубојс, убедливо најкорисни фудбалери беа Амари Купер (2 тачдауни, 139 јарди) и СиДи Лемб (1 тачдаун, 104 јарди).

Tags: Американски фудбалДаласНФЛТампа Беј
ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Кардиналс ги надиграа Доџерс по вторпат во низа

Следна вест

(ВИДЕО) Походот кон одбрана на титулата на Сторм започнат со победа

Епов Насе

Епов Насе

Љубител на голем број спортови, но пред сè на англиски фудбал.

Слични вести

Еурофарм Пелистер тргнува по титулата со ШЕСТ стружани во тимот (Фото)
Ракомет

Еурофарм Пелистер тргнува по титулата со ШЕСТ стружани во тимот (Фото)

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Авг/2022
(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн
Останато

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?
Спорт

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија
Останато

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

✏️ Епов Насе
12/Авг/2022
Следна вест
(ВИДЕО) Походот кон одбрана на титулата на Сторм започнат со победа

(ВИДЕО) Походот кон одбрана на титулата на Сторм започнат со победа

Последно

Еурофарм Пелистер тргнува по титулата со ШЕСТ стружани во тимот (Фото)

(ВИДЕО) Сеинтс се оддалечија од борбата за плејоф со поразот од Бризбејн

Неправда или регуларен формат? Што се случува со шкотските лиги?

(ВИДЕО) Мајами ја прекина победничката низа на Филаделфија

Македонија со висока победа и против домаќинот се загреа за полуфинале

(ВИДЕО) Мелбурн избори плејоф со убедливата партија против Пенрит

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.