По само шест месеци поминати во Катар во тимот на Ал Духаил хрватскиот репрезентативен напаѓач, Марио Манџукиќ спогодбено го раскина договорот со катарскиот прволигаш.
Оваа вест самиот фудбалер ја објави на Твитер, а исто така пред неколку дена италијанските медиуми најавија дека искусниот играч се враќа во Италија и има покана од Беневенто, тимот кој што избори место во Серија А. Останува во овој летен трансфер период фудбалерот да ја одбере најдобрата понуда што ќе стигне до него.