За првпат во историјата на НФЛ, регуларната сезона беше составена од осумнаесет кола, од кои, последното беше одиграно денес.
И покрај поразот од дивизиските ривали, Детроит Лионс со 37-30, Грин Беј Пекерс останаа на првото место во Националната конференција и обезбедија слободен викенд и домашен терен во плејофот.
Од друга страна, Лионс добија реноме, но им го предадоа првиот пик на Џексонвил Џагуарс по вторпат во низа.
Џексонвил ја одигра партијата на сезоната и ги порази Индијанаполис Колтс со 26-11, приредувајќи одличен крај на сезоната.
Колтс, во пресрет на натпреварот, беа со ,,една нога” во плејофот, но новиот пораз ги остави со празни раце.
Синсинати Бенгалс и покрај поразот од Кливленд Браунс со 21-16, останаа на првото место во АФК Север, односно на четвртата позиција во Американската конференција.
Во истата дивизија, Балтимор Рејвенс и Питсбург Стилерс пружија спектакл во кој гостите дојдоа до триумф од 13-16 после продолжение.
Рејвенс, со оваа загубена партија, ја завршија својата сезона, додека Стилерс ќе изборат плејоф и ќе ја продолжат кариерата на Бен Ротлисбергер за најмалку уште еден меч, доколку вечерниот дуел помеѓу ЛА Чарџерс и Лас Вегас Рејдерс не заврши со реми.
Најдобар тим во Американската конференција, кој ќе ја има истата привилегија како Грин Беј Пекерс, е Тенеси Титанс, кој ги совлада Хјустон Тексанс со 25-28.
Во првиот денешен термин беа одиграни уште две средби, кои немаа никакво влијание врз битката за плејоф: Минесота Викингс 31-17 Чикаго Берс и Њујорк Џајантс 7-22 Вашингтон ФК.
Синоќа, Канзас Сити Чифс ги поразија Денвер Бронкос со 24-28 и го освоија второто место во АФК.
Освен нив, победа забележија и Далас Каубојс, кои славеа над Филаделфија Иглс со 26-51, но сепак и двете екипи изборија доигрување.
Најдоцниот вечерен меч помеѓу ЛА Чарџерс и Лас Вегас Рејдерс ќе биде одлучувачки (победникот оди во плејоф заедно со Питсбург Стилерс), а пред него ќе се соочат уште:
Аризона Кардиналс – Сиетл Сихокс
Атланта Фалконс – Њу Орлеанс Сеинтс
Бафало Билс – Њујорк Џетс
ЛА Ремс – Сан Франциско 49ерс
Мајами Долфинс – Њу Ингланд Патриотс
Тампа Беј Баканирс – Каролина Пантерс
Во соработка со НФЛ Македонија