
Фудбалската репрезентација на Зелено’ртските острови ја оствари втората победа во својата историја на Африканскиот куп на нации, односно прва после 2013.
Имено, во вториот натпревар од новото континентално првенство, поранешната португалска територија славеше над Етиопија со 1-0.
На стадионот ,,Пол Бија” во камерунската престолнина Јаунде, единствениот погодок падна во завршните мигови од првото полувреме, кога прецизно со глава стрелаше Жулио Тавареш (45+1′).
Етиопија го играше речиси цел натпревар со играч помалку, откако директен црвен картон доби Јаред Бајех во дванаесеттата минута.
Во групата А, освен Република Зелен ‘Рт, три бодови има и домаќинот Камерун, кој во отворањето славеше со 2-1 над Буркина Фасо.




