
Со синоќешната победа од 109-114, Филаделфија 76ерс ги поразија Торонто Рапторс по третпат на шесте меѓусебни средби во 2021.
Мечот се одвиваше во посакувана насока за Филаделфија во поголемиот дел од своето времетраење, но генерално предноста беше едноцифрена.
Од победничките редови, Џоел Ембиид беше најефикасен со дабл-дабл (36 поени и 11 скокови), а трипл-дабл запиша Тобијас Херис (19 поени, 12 скокови и 10 асистенции).
На спротивната страна, Паскал Сијакам уфрли 28 кошеви, а ист поентерски учинок имаше и Крис Бушер, кој додаде и 19 скокови.
Во Источната конференција, Филаделфија (18-16) го држи шестото, а Торонто (14-17) – дванаесеттото место.