
Екипата на Сочи го запиша петтиот последователен пораз, откако загуби со 0-1 од Спартак Москва.
На мечот, Спартак беше за нијанса подобар тим, кој реализираше во втората третина преку Максим Циплаков.
На голот на победничкиот состав стоеше Патрик Рибар, кој со 25/25 одбранети шутеви дојде до вториот овосезонски шут-аут.
Во Западната конференција, Спартак скокна на второто место, додека Сочи остана на самото дно со само два бода.