Јукурит му го нанесе петтиот пораз на Асат на последните шест средби, славејќи со 3-0 во ,,Икиома Арена”.
За домаќините, ова беше прв натпревар против денешниот противник без примен погодок уште од 23 февруари 2017.
Најзаслужен за поволниот учинок беше голманот Каролус Каарлехто, кој со 26/26 одбранети шутеви го запиша првиот овосезонски шут-аут на дебито во новата кампања.
Сите три гола на мечот паднаа во третата третина, а нивни стрелци беа Пека Јормака, Јухамати Аалтонен и Јеспер Пиитулаинен.
На табелата, Јукурит скокна на седмото место, а Асат остана на тринаесеттата позиција.