
Синоќа, Ст. Луис Кардиналс го запишаа првиот триумф над ЛА Доџерс на гостински терен после 2018, славејќи со убедливи 0-11.
Главна ѕвезда на вечерта беше гостинскиот играч, Алберт Пухолс, кој двапати ја однесе топката на трибините.
На овој начин, Пухолс дојде до бројка од 700 хоум-рани во МЛБ и стана единствен активен играч со овој учинок и само четврт во историјата после Бејб Рат (1934), Хенк Арон (1973) и Бери Бондс (2004).
Освен Доминиканецот, на истата средба, во листата на поентерите се запишаа уште: Томи Едман (х2), Брендан Донован, Хуан Јепез (х2), Ларс Нутбаар, Дилан Карлсон (х2) и Алек Бурлсон.
Во Националната лига, Доџерс (104-47) останаа на врвот и покрај поразот, а Кардиналс (89-63) се наоѓаат на четвртото место.




