На четвртата овосезонска трка во супервелеслалом, одржана во Вал д’Изер, Франција, Софија Гоџа стигна до петтата победа во сезоната.
Италијанката ја помина патеката ,,Орејер-Кили” за време од 1:19,23 што беше доволно за задржување на првата позиција во генералниот поредок.
На второто место се пласираше Норвежанката Рагнилд Мовинкел (+0,33), која го освои првиот подиум после тешката повреда, а воедно и првиот подиум после 1 февруари 2019.
На наредните две позиции завршија уште две Италијанки со тоа што, Елена Куртони (+0,51) ѝ го ,,украде” подиумот на Федерика Брињоне (+0,52) за само една стотинка.
Во првите пет заврши и Микаела Шифрин (+0,75), а под една секунда заостануваа уште Корин Сутер (+0,80) и Тамара Типлер (+0,92).