
Јулија Таубитц (1:19,546) ја запиша третата овосезонска победа во Светскиот куп во санкање, откако беше најбрза во Инсбрук, Австрија со нов рекорд на патеката.
Во првата серија, Германката го заземаше второто место, но славеше после грешката во последниот сектор на Маделен Егле.
Австријката (+0,012) беше на чекор до победата на домашен терен, а воедно и до вториот триумф во низа, но накрај мораше да се задоволи со втората позиција.
Германските санкачки доминираа во горниот дел на поредокот, а во првите четири се наоѓаа уште две од нив, односно Натали Гајзенбергер (+0,348) и Ана Берајтер (+0,372).
На петтото место се пласираше Елиза Тирума (+0,470), а под половина секунда доцнеа уште Емили Свини (+0,484) и Андреа Фетер (+0,499).