
Петтиот овосезонски спуст од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција го отвори натпреварувачкиот викенд во Кортина д’Ампецо, Италија.
Истиот заврши со радост помеѓу домашната публика, поради фактот дека четвртата победа во 2022/23 ја оствари Софија Гоџа (1:33,47).
На второто место, по вторпат сезонава зад Гоџа, се пласираше Словенката Илка Штухец (+0,13), која дојде до деветнаесеттиот пиедестал во кариерата.
Зад нив, на подиумот се пласираше уште Кира Вајдле (+0,36), а во првите пет се најдоа Микаела Шифрин (+0,50) и Лара Гут-Бехрами (+0,53).