Битката на дното во Западната конференција пружи една од најсиромашните партии во тековната сезона, кога станува збор за напаѓачкиот учинок.
Имено, Сочи го порази Динамо Рига со минимални 1-0 и на тој начин ја запиша третата меѓусебна победа во низа.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше токму поранешниот хокеар на Динамо Рига, Јанис Јакс, во средината на првата третина.
Помеѓу стативите, Сочи го имаше екс-голманот на СКА, Магнус Хелберг, кој со 16/16 одбранети шутеви дојде до четвртиот шут-аут во сезоната.
Со новите два поени, Сочи го прескокна Динамо на табелата, односно се заменија на десеттото и на единаесеттото место.