
Вториот овосезонски слалом кај жените од Светскиот куп во алпско скијање, одржан во Леви, Финска, беше потполно ,,огледало” во споредба со вчерашната трка.
Имено, пиедесталот го зазедоа истите три дами, кои се наредија на истите три места по вторпат во низа.
Како првопласирана, со најдобра прва и најдобра втора серија, заврши актуелната шампионка – Петра Влхова (1:45,22).
Второто место повторно ѝ припадна на нејзината најголема конкурентка, Микаела Шифрин (+0,47), додека подиумот го комплетираше Лена Дир (+0,78).
Во продолжение, единствено Венди Холденер (+0,97) заостануваше под една секунда, а пласман во првите десет изборија уште: Мишел Гизин (+1,24), Мартина Дубовска (+1,40), Ана Буцик (+1,46), Катарина Линсбергер (+1,64), Катарина Трупе (+1,66) и Катарина Хубер (+1,77).