
За првпат после три години, Сочи триумфираше против Салават Јулаев Уфа.
На ,,Леопардите”, денес им беа потребни дури четири водства за да запишат победа над ривалите од Истокот со 3-4 после продолжение.
На мечот имаше седум различни стрелци при што четири донесоа предност, односно два бода за Сочи, а три израмнуваа во корист на домаќините.
За ,,Зелените”, успешно реализираа Владислав Картајев во првата, Александер Кадејкин во втората и Михаил Науменков во третата третина.
На спротивната страна, мрежата на Илја Ежов ја затресоа Тимур Хафизов, Сергеј Попов, Јегор Соболевски и Никита Попугајев.
Во Западната конференција, Сочи остана на дното, додека Салават го зазема третото место на Истокот.
https://www.instagram.com/reel/Ck_OGKcIdk7/?igshid=YmMyMTA2M2Y=