Викендов во 3.коло на женскиот шампионат во Израел тимот на Бнеи Херзлија во која брани нашата Бисера Паскал го одигра дербито против екипа Хапоел Ришон, екипа која го освои купот и им е главен конкурент за титулата во лигата со 5 репрезентативки во составот.
Натпреварот кој беше неизвесен до самиот крај го добија минимално гостинките со 29-30. Македонскиот чувар на мрежата бранеше феноменално и штета што не се израдува на победа. Бисера Паскал имаше учинок од 17 одбрани од 41 упатен шут или високи 41% успешност.