ЦСКА Москва ја оствари најубедливата победа од сите екипи што ја исполнија денешната саботна програма во КХЛ.
Имено, хокеарите од главниот град на Русија славеа со убедливи 7-0 над Сочи.
За ЦСКА, ова е втор триумф по ред за убедливо водство на Западот, додека, за Сочи, денешниот пораз е единаесетти на последните четиринаесет средби, доволен за претпоследното место.
Од победничкиот состав, двапати во листата на стрелците се запиша Сергеј Андронов, а по еднаш погодија Константин Окулов, Антон Слепишев, Јегор Афанасјев (прв гол во КХЛ), Мет Робинсон и Никита Коростелев.
На голот на ЦСКА стоеше Ларс Јохансон, кој требаше да интервенира само шеснаесет пати за да го забележи првиот ,,шут-аут” во сезоната.