Наташа Андонова нашата најдобра фудбалерка влегува во гол форма во шпанскиот шампионат и по постигнатиот гол минатото коло против Атлетик Билбао, нејзина втора жртва е голманката на Депортиво Ла Коруња.
Андонова го постигна својот гол во 8 минута кога со лоб удар ја матираше противничката голманка. На полувреме Леванте имаше водство од 3:0 против Депортиво Ла Коруња, а крајниот резултат гласи 4:1. Андонова играше се до 63 минута кога доби поштеда од тренерот веќе кога натпреварот беше во полза на домашниот тим.