Сандерленд го запиша третиот пораз по ред, кога се во прашање сите натпреварувања, откако денес беше надигран на домашен терен од МК Донс.
Имено, поранешниот премиерлигаш изгуби со 1-2 на денешниот дуел, иако поведе во дванаесеттата минута со голот на Макс Пауер.
МК Донс успеаја да го анулираат својот дефицит после само четири минути, бидејќи мрежата на Реми Метјус ја затресе искусниот Камерон Џером.
Џером дојде во редовите на Донс како слободен агент во изминатиот преоден рок и веќе успеа да постигне беколку важни погодоци за составот предводен од долгогодишниот фудбалер на Норвич – Расел Мартин.
Во втората минута од второто полувреме беше поставен конечниот резултат, откако, најдобриот стрелец на МК Донс, Скот Фрејзер, го постигна својот четврти овосезонски погодок, конвертирајќи го шутот од белата точка.
За Донс, новите три поени значат напредок на табелата до четиринаесеттото место, додека Сандерленд сè уште останува во плејоф-зоната, заземајќи ја осмата позиција.