Во вториот плејоф натпревар во тековната НФЛ сезона се соочија дивизиските ривали Сиетл Сихокс и ЛА Ремс.
Екипата на Ремс, иако важеше за аутсајдер поради повеќе причини, накрај успеа да триумфира со 20-30.
За Ремс, стартер на овој меч беше Џон Волфорд, кој дебитираше претходната недела против Аризона. За него, овој меч заврши во првата четвртина, поради претрпен удар, со 3/6 обиди за додавање и 29 освоени јарди.
На негово место влезе Џеред Гоф, кој играше со скршен палец и направи херојски подвиг. Имено, искусниот играч го заврши мечот со 155 освоени јарди од 9/19 обиди за додавање и со еден уфрлен тачдаун.
Исто така, значаен за победата на Ремс беше ранинг-бекот, Кем Ејкерс со освоен 131 јард од 28 трчања и со постигнат еден тачдаун.
Освен Ејкерс, по еден тачдаун за победничкиот состав постигнаа дефанзивецот Дериус Вилијамс (пик-6) и рисиверот Роберт Вудс. Стопроцентен од шутерската позиција за ,,Овните” беше Мет Геј.
Во одбраната, комплетен беше корнербекот Џејлен Ремзи, кој одлично го индиспонираше противничкиот вајд-рисивер, Ди Кеј Меткалф, во клучните моменти.
Сепак, Меткалф беше ,,виновен” за двата тачдауни на Сихокс, придружени со поените на шутерот Џејсон Мајерс.
Квотербекот на Сихокс, Расел Вилсон, одигра релативно скромен меч со 174 јарди од 11/27 обиди, а притоа претрпи и пет секови. При еден од нив, во третата четвртина, повреда доживеа дефанзивниот ас на Ремс – Арон Доналд.
Денешната средба влезе во историјата поради еден податок – најголемата возрасна разлика помеѓу двата главни тренери на еден плејоф натпревар. Имено, Пит Керол (Сиетл) е постар од Шон МекВеј (ЛА Ремс) за цели 34 години и 131 ден.
📸 The Rams Wire
Во соработка со НФЛ Македонија



