Пари Сен Жермен со 3:0 славеше против Брест и сега се доближи само на еден бод до лидерот во шампионатот, тимот на Олимпик Лион кој ремизираше 2:2 на гости кај Рен. ,,Светците” победија благодарение на головите на Кин во првиот дел и на Икарди и Сарабија во второто полувреме.
Покетино како играч го има носено дресот на тимот од Париз, а сега по 18 години пауза повторно се враќа „Паркот на принцовите“. Иако мечот се играше без публика, навивачите на ПСЖ направија одлична кореографија за добродојде на Покетино.
„18 години подоцна…Се врати дома. Добродојде капитене“, стоеше на пораката, а во кореографијата го имаше и лицето на новиот тренер.