
Словенечката Планица се покажа како среќна за словенечката репрезентација во ски скокови.
Имено, вчера, до титулата ,,светски првак” на големата скокалница дојде Тими Зајц, а денес, цела репрезентација го доби првото тимско злато во својата историја.
За домашната селекција, освен Зајц, настапија уште Ловро Кос, Жига Јелар и Анже Ланишек.
На второто место се искачи Норвешка, односно Јохан Андре Форфанг, Кристофер Сундал, Мариус Линдвик и Халвор Егнер Гранеруд.
Од СП 2023 со бронзен медал се опрости репрезентацијата на Австрија во состав на: Даниел Чофених, Михаел Хајбок, Јан Херл и Штефан Крафт.
Во продолжение, поредокот го комплетираа: Полска, Германија, Швајцарија, Јапонија, САД, Финска, Романија и Казахстан.