
Почнувајќи од 2007, во март, во италијанскиот регион Тоскана, се одржува познатата велосипедска трка – ,,Страде Бјанке”.
Станува збор за трка што започнува и завршува во Сиена, а името го добила по ,,белите” патишта покриени со чакал во областа Крете Сенези, кои покриваат една третина од патеката.
Овогодинешното седумнаесетто издание на овој настан му припадна на Англичанецот Том Пидкок (4:31:41), кој на одличен начин го изведе своето бегство на седум километри до целта и стана првиот Британец со триумф во Тоскана.
За 23-годишниот Пидкок, ова е само втора еднодневна победа во кариерата, односно прва после ,,Брабантската стрела” во 2021.
Од пратечката група, пласман на подиумот обезбедија Валентан Мадуа (+0:20) и Тишј Беноот (+0:22), а вез пиедестал останаа Алберто Фарија Ру Коста (+0:23), Атила Валтер (+0:23) и Матеј Мохорич (+0:34).
Во утринските часови беше одржано и женското натпреварување на истата патека на кое победи Холанѓанката Деми Волеринг.