
Александер Омодт Килде го започна месец март со победа на последниот спуст пред самата завршница на сезоната во Солдеу, Андора.
Имено, Норвежанецот беше најбрз на патеката ,,Рути’с Ран” во Аспен (САД) со време од 1:31,60 минути, доволно за осмата победа во сезоната и за обезбедување на кристалниот глобус во најбрзата дисциплина.
Второто место му припадна на Канаѓанецот Џејмс Крофорд (+0,61), а лидерот во генералниот поредок, Марко Одермат (+0,63), ја освои третата позиција.
Од останатите скијачи, под една секунда доцнеа уште: Винсент Крихмајер (+0,70), Жоан Клери (+0,82), Нилс Хинтерман (+0,85), Флоријан Шидер (+0,97) и Доминик Парис (+0,97).
За крај, својот ,,последен танц” на патеката го отскија легендарниот Стив Најман, кој на емотивен начин стави крај на својата кариера после 214 стартови.