Фантастичниот завршен спринт во завршницата му ја донесе третата етапна победа во кариерата на Тур д Франс на Примож Роглич!
Возачот на ,,Џамбо-Висма” славеше на четвртата етапа, носејќи и’ 1-2 победа на Словенија, откако на втората позиција се пласира Тадеј Погачар.
Како трет заврши Гијом Мартен, а во продолжение следуваа Наиро Кинтана, Жулиен Алафилип, Мигел Анхел Лопез, Еган Бернал, Тибо Пино, Микел Ланда и Адам Јејтс.
,,Всушност, денес беше брз ден, момците завршија огромна работа, секогаш бев при врвот.” – истакна Роглич на интервјуто непосредно по трката.
Во генералниот пласман, првата позиција ја држи Жулиен Алафилип со четири, односно седум секунди предност во однос на Јејтс и Роглич.



