Екипата на РК Струга продолжува со подготовките за новата сезона во Суперлигата. Утре од 18:30 е закажан контролен меч против “езерскиот” ривал Охрид на негов терен. Наредниот вторник од 18:00 часот екипата на Струга во Прилеп ќе игра тест натпревар против амбициозниот суперлигаш. И двата натпревари се играат без публика поради пандемијата.