На пријателскиот меч меѓу Спортинг Лисабон и Белененсеш, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го започна со капитенската лента. Прв капитен е Себастијан Коатес, но тој не беше во тимот. Тоа значи дека Срефан ќе биде еден од капитените во новата сезона.
Оваа радосна вест Ристовски ја објави и на својот профил: „Благодарен сум за капитенската лента!!! Чест е. Доаѓам од многу мала земја… многу млади луѓе, деца, сонуваат да играат на клуб од ова ниво… за мене ова беше голем ден и голема гордост е да се носи капитенската лента и да се претставува Спортинг Лисабон од Португалија“.