Традиционално, една недела после Мастерс Турнамент, според календарот на ПГА Тур се одржува Херитеџ Класик.
Овој турнир се одвива во Јужна Каролина уште од 1969 година, а во текот на изминатиот викенд беше одиграно неговото 53. издание.
На него, до 15. професионална победа во кариерата дојде Американецот Стјуарт Синк со учинок од (-19) поени.
47-годишниот голфер беше втор после првиот ден, а во петокот прејде во водство и остана таму сè до крајот.
На подиумот, второто место го поделија Аргентинецот Емилијано Гриљо и Американецот Харолд Варнер со по (-15) поени.
Зад нив, со учинок од (-13), четвртата позиција ја окупираа Кори Конерс, Метју Фитцпатрик и Маверик МекНили.
📸 Patrick Smith/Getty Images