После очајната серија од шест последователни порази, СКА Ст. Петербург се врати на победничките патеки со бомбастично издание во Нижнекамск.
Имено, ,,Армејците”, на гостувањето кај ривалот од Источната конференција, триумфираа над Нефтехимик со убедливи 2-8.
Домаќините ги постигнаа првиот и последниот гол на натпреварот, а голгетери беа Јегор Попов и Тимур Хафизов.
Од друга страна, СКА погоди дури 8/33 шутеви што претставува фантастична реализација од дури 24,24%.
Двојни стрелци за победничкиот состав беа Кирил Марченко, Андреј Кузменко и Антон Бурдасов, а по еднаш погодија Григори Гријазнов и Никита Гусев.
Веднаш по натпреварот, СКА изби на четвртото место на Западот, додека Нефтехимик остана на седмата позиција на Истокот.