Во натпревар од Лигата на Европа вечерва во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“ Еурофарм Пелистер го демолираа составот на Татабања со 33-20. Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Мараш со 6 гола, Табоада и Периќ дадоа по 5, Мандалиниќ постигна 4, додека струшките крила Костески и Ојлески постигнаа по 3 голови.




