
СКА Ст. Петербург ја израмни полуфиналната серија против ЦСКА Москва на 1-1, откако во вториот дуел славеше со 2-1.
Во првата третина, Андреј Светлаков им донесе почетно водство на гостите со својот тринаесетти погодок сезонава.
Сепак, во вториот дел, Валентин Зиков израмни на 1-1, а пресвртот го комплетираше Михаил Воробјов на дванаесет минути пред крајот.
Третиот меѓусебен натпревар е закажан за 6 април и истиот ќе биде одигран во Москва.