Викендов се игра 8.коло од плеј-офот во ракометната Суперлига. Вардар, Еурофарм Пелистер и Алкалоид ја продолжуваат битката за шампионската титила.
Еурофарм Пелистер ова коло ќе биде домаќин против Бутел од Скопје. Актуелниот првак Вардар гостува кај Пролет, додека четата на Кире Лазаров дома ќе брка победа и реванш за изгубениот бод во Кавадарци против Тиквеш. Во четвртиот натпревар од ова коло Охрид го пречекува Еурофарм Пелистер 2.
