Веќе втора сезона во низа, конференциското финале на АФК ќе го сочинуваат екипите на Канзас Сити Чифс и на Синсинати Бенгалс.
Бенгалс, за да дојдат до второто лигашко полуфинале во низа, ги совладаа Бафало Билс на гостински терен по снежни временски услови со 10-27.
Претставниците на Охајо покажаа одлична игра во одбраната и во целост го неутрализираа нападот на своите ривали.
Имено, освен шутерот Тајлер Бас, единствените поени за Билс ги постигна квотербекот Џош Ален, кој притоа освои 265 јарди од 25/42 обиди и имаше едно пресечено додавање.
Неговиот колега на спротивната страна, Џоу Бароу, уфрли 242 јарди од 23/36 додавања и два тачдауни кон Џа’Мар Чејс и кон Хејден Хурст.
Освен нив, шутерот Иван МакФерсон имаше девет поени зад своето име, а уште еден тачдаун со трчање постигна Џоу Миксон, кој имаше 105 јарди од 20 пробивања.